Ципрас: Грција е отсутна од случувањата во соседството

Во моментот кога ЕУ е соочена со последиците од трагичната одлука да не даде зелено светло за интегративен процес на Северна Македонија, Грција се чини дека е целосно отсутна од случувањата во нејзиното соседство, напиша утрово на Фејсбук лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, коментирајќи ја позицијата на актуелната грчка влада и упатувајќи критики за пасивност и улога на статист во регионот, јави дописничката на МИА од Атина.

– На состанокот на Европскиот совет, (грчкиот премиер) тивко ги следеше Данска и Холандија да преговараат за иднината на Балканот. И сега со непријатност ја следи Италија, која предлага одново да започне пристапниот дијалог во ноември. Сигурен сум, колку јавно и да го кажува крајно контрадикторното дека треба да го почитуваме штетниот договор, истовремено ќе моли во соседната земја да не победат повторно националистите и го оспорат, меѓу другото, „срамниот” Договор од Преспа. Со овие работи, Грција за жал се враќа на улогата на статист во балканскиот регион. Малата Грција која ги следи иницијативите на трети, напиша Ципрас на Фејсбук.

Поранешниот грчки премиер додава дека надворешна политика не се води под страв од внатрешно партиските корелации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот