Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел

Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел, напиша на Твитер поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА Алексис Ципрас, додавајќи дека неодредениот датум за почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз за европска структура, jави дописничката на МИА од Атина.

-Одлуката на Европскиот совет да отфрли почеток на пристапни преговори за Северна Македонија е порака на слабост и пораз на европската структура. Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот отколку во Брисел. Ќе продолжиме да се бориме за иднината и за обединетоста на Европа. Тоа им го должиме на нашите народи – напиша Ципрас на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот