Ципрас: Бугарија да се охрабри, да го направи големиот чекор

Пред три години Зоран се сеќавам ти ја украдов вратоврската тој ден, ја имам и ја чувам во мојата фиока три години, како една од најбитните спомени на еден храбар и сличен чекор, но и на едно стабилно пријателство меѓу нас. Првата причина поради која го постигнавме Преспанскиот договор е дека за тоа се бореа прогресивни политички сили и прогресивни политичари, кој што верувавме дека разликите меѓу државите може и треба да се решаваат со заеднички прифатливи решенија и на мировен начин, што значи врз основа на меѓународното право, рече во неговиот говор поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на официјално отворање на конференцијата „Патот до Преспа” пренесува „Слободен печат“.

-Прво е дека сме прогресивни политичари, а втората причина поради која стигнавме до овој договор е дека никогаш не сметавме дека овој проблем може да го решат некој други. Ако можеше да се реши, ќе го решеа за 30 години. Имавме топла поддршка од организацијата на Обединетите нации и на Метју Нимиц, и на ЕУ – нагласи Ципрас.

Тој упати порака и до соседна Бугарија да се: „Да се охрабри, и да го направи големиот чекор“.

-Сакам да и пратам една порака на мојата пријателска Бугарија, да ја охрабрам Бугарија да го направи големиот чекор, знам многу добро колку е тешко да најдеш решенија и излези за чувствителни прашања. Но неопходно е Бугарија да го направи овој чекор заедно со Северна Македонија. За да може да се отвори процесот. Неопходно е Бугарија да ја испрати пораката дека е дел од Балканот на иднината, што може да го градиме само заедно, а не еден спроти друг, истакна Ципрас, пренесува „Слободен печат“.

Паралелно, додаде тој, сакам да испратам порака дека треба да се најде заедничко решение и за прашањето за Косово, што ќе се базира на меѓународното право, далеку од национализмот.

-Оваа порака ќе ја испратам на премиерот на Косово, господинот Албин Курти прогресивен политичар, за да продолжи дијалогот Приштина – Београд со подршка од сите нас. Се разбира истата порака е и за мојот пријател Александар Вучиќ – повлече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот