Ципрас бара лидерска средба за ситуацијата со пандемијата во Грција

Доставувам предлог, итно да биде свикана лидерска средба од претседателката на државата и со учество на претставници на Комисијата на епидемиолози, за да има целосно информирање за ситуацијата и да се одреди план за справување, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас по средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Поранешниот грчки премиер изрази загриженост за текот на пандемијата во земјата, наведувајќи дека „Владата и Мицотакис се чини дека изгубија контрола”, оти се без план и истакна дека е потребно да се забрза процесот на вакцинација, но и да се изнајде начин за снабдување со вакцини.

– Треба да дејствуваме сега, навремено, превентивно. Доставив предлог, Грција да преземе инцијатива, на европско ниво, да побара Европската Унија да ги обезбеди патентите од фармацевтските компании и да ѝ даде можност на секоја земја- членка да управува со нив, со домашната фармацевтска индустрија, така што итно, брзо, масовно да се подготват потребните дози за да може да се вакцинира населението во секоја земја на ЕУ – посочи Ципрас и додаде дека доколку конкретната иницијатива е без резултат, тогаш Владата ќе треба да побара решенија преку билатерални договори со компании или земји кои ја произведуваат вакцината.

Ципрас денеска беше примен од претседателката на Грција, а на средбата, на Сакеларопулу ѝ ги претстави предлозите на СИРИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот