Ципрас: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е предавнички, зошто толку ги интересира тој да се почитува?

Од една страна во име на нивното партиско единство или за привлекување гласачи, не се колебаат да застанат до етнопопулизмот и да говорат за предавници и предавства во македонското прашање, а од друга страна велат дека ќе се погрижат да се почитува овој, според нив предавнички договор, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на синоќешниот партиски митинг на СИРИЗА во Атина, упатувајќи критики до неговите политички противници во однос на надворешната политика, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас додаде дека неговите политички предавници се однесуваат на „неодговорен и кратковиден начин“ и ги праша зошто толку ги интересира почитувањето на договорот, ако го сметаат за предавнички.

– Од една страна говорат за предавници и предавства. Но, од друга страна овие денови, пред изборите, ни велат дека единственото што ќе го направат, ако бидат избрани е да се погрижат да се почитува, овој, меѓу другото за нив, предавнички договор. Но, ако навистина е предавнички, зошто толку ги интересира да се почитува? Хипокризијата во нејзината големина – рече Ципрас

Прочитајте и...  На вработените во ЕП кои посетиле региони зафатени со коронавирус им било речено да се самоизолираат

Говорејќи за безбедноста и нејзиното значење во сите области од животот, грчкиот премиер и лидер на СИРИЗА на првиот предизборен митинг одржан синоќа во Атина, рече дека „безбедноста не е збор во рекламна кампања, туку е перспектива за сегашноста и иднината за сите Грци“. Тој се осврна и на безбедноста на самата Грција, оценувајќи дека безбедност се и сојузништвата што се градат со народите од Балканот и „пријателството и соработката со соседите од север за кои по Договорот од Преспа ние стануваме гаранти и за нивната безбедност, но и за нивниот европски тек“.

Прочитај повеќе

Патничка од Милано се тестира на Инфективна клиника за коронавирус, резултати за 4 часа

Слободен печат

Коронавирусот удри по најбогатите: Најголемите бизнисмени за само еден ден загубија 120 милијарди евра

Слободен печат

Примирјето во Авганистан и понатаму се почитува, можен историски договор со талибанците

Слободен печат

Листата секојдневно се зголемува: Ова се државите во кои е потврден коронавирусот

Слободен печат

Не е некултурен, само внимателен: Нетанјаху повеќе не се ракува со поддржувачите

Слободен печат

Барние: Преговорите со Лондон почнуваат на втори март

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Косово: Ниту денешните сомнителни случаи не се заразени со коронавирус

Слободен печат

Трамп не сакаше да одговори што мисли за контроверзниот закон на Моди

Слободен печат

Демократските кандидати за претседател на САД на нова дебата во Јужна Каролина

Слободен печат

Сè што треба да знаете за купување и ракување со плински боци во домаќинство

Заврши психијатриското вештачење на Малчанскиот бербер: „Мирен е и во затворот не прави никакви проблеми“

Слободен печат

„Блиц“: Советот на Европа го дематираше Ѓукановиќ за Законот за вероисповед

Слободен печат