Циклонот Булбул направи пустош во Индија и Бангладеш (ВИДЕО)

Фото: Munir UZ ZAMAN / AFP / Profimedia

Циклонот Булбул направи огромен хаос во крајбрежните региони на Бангладеш и Индија, убивајќи најмалку 13 луѓе, додека повеќе од два милиони беа принудени да се евакуираат и да ја поминат ноќта во засолништа за бура, пренесе Би-Би-Си.

Фото: Tamal Shee / Zuma Press / Profimedia

За бреме на бурата беа измерени ветришта до 120 километри на час, временска непогода во која беа повредени повеќе луѓе и беа уништени многу домови. Пет од шесте загинати лица во Бангдалеш беа погодени од паднати дрвја.

Официјалните лица велат дека се избегнати понатамошни жртви поради тоа што луѓето навремено се евакуирале, а според синоптичарите, бурата започнала да ја губи својата голема сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот