ЦИКЛОНОТ БЕЛНА НАПРАВИ ХАОС ВО МАДАГАСКАР: Најмалку девет жртви и тројца исчезнати, ветерот достигна брзина од 130 километри

Најмалку девет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати откако циклонот Белна го погоди северозападен Мадагаскар, информира денеска претставник на локалните власти.

Елак Андријанкаја, шеф на агенцијата за катастрофи на островот, за ДПА изјави дека деветмината кои биле убиени во градот Соалала биле „заробени од надојдена вода”.

Циклонот уништи владините згради, патишта и домови. Ветерот синоќа достигна брзина од 130 километри на час.

Локалниот весник Миди-Мадагаскар ја цитира пратеничката на Солала, Наина Рандријамиса која рекла дека „80 проценти од покривите се уништени и нивото на водата продолжува да расте” во повеќето населби.

Допрва ќе се врши проценка на штетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот