Циклонот Амфан уништи десетици илјади домови во Индија и Бангладеш, загинаа 96 лица (ВИДЕО)

Фото: Tamal Shee / Zuma Press / Profimedia

На тоа подрачје бурата целосно униште околу 26.000 домови, а делумно уште 14.000, рекоа од локалната власт задолжена за итни ситуации.

Неколку десетици илјади луѓе останаа без своите домови откако најмоќниот циклон во последнице 10 години, оваа недела ги погоди Индија и Бангладеш, објавија официјални лица денеска кога погоденото подрачје го посети индискиот премиер Нерендра Моди, кој вети помош.

Циклонот Амфан усмрти најмалку 96 лица, открија властите во источната индиска сојузна држава Западен Бенгал, а 16 во соседниот Бангладеш. Амфан азиското копно го погоди со ветрови со брзина од 185 километри на час, кои ги уриваа крововите, корнеа дрвја и електрични столбови, како и со големи бранови.

„Федералната и сојузната влада се обидоа да ја минимизираат штетата од циклонот, сепак не успеавме да ги спасиме животите на околу 80 луѓе“, рече Моди во петокот при посетата на училиште во бенгалскиот град Басиршат.

Порача дека Индија стои зад својот народ и најави 132 милиони долари вредна помош за Западен Бенгал, кој се бори со пандемијата од коронавирус.

Моди го прелета поплавеното подрачје, а во Калкута, престолнината на сојузната држава, полицијата со денови го надлетува градот за да ја утврди штетата.

Се очекува бројот на мртвите да порасне кога повторно ќе се воспостави комуникација и властите ќе стигнат во селата до кои патиштата се блокирани, посебно во низинската делта Сундербанс во која живеат до 4 милиони луѓе.

На тоа подрачје бурата целосно униште околу 26.000 домови, а делумно уште 14.000, рекоа од локалната власт задолжена за итни ситуации.

Амфан таму уништи и 19 километри насип, поради што солената вода поплави и делови од копното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот