ЦИК ги објави конечните резултати од изборите во Косово: Партијата на Курти го освои речиси пола Собрание

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Центалната изборна комисија на Косово (ЦИК) ги објави конечните резултати од вонредните парламентарни избори што се одржаа на 14 феврури, според кои апсолутен победник, со освоени 49,95 отсто од гласовите и 58 пратенички места, е партијата на Албин Курти, Движење самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Второрангирана, со освоени 16,9 отсто, е Демокртската партија на Косово (ПДК), додека досега владеачките, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Алијансата за иднината на Косово (ААК) освоија по 12,64, односно 7,07 отсто од гласовите.

Според овие резултати, кои ќе станат конечни по истекувањето на законскиот рок за жалби, ПДК обезбеди 19, ЛДК 15, а ААК осум пратенички места. Десет места во 120-членото Собрание на Косово, според Уставот, се резервирани за претставниците на српската заедница, а исто толку и за оние на помалите етнички заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот