Циципас одлепи: Во претходниот живот можеби бев Питагора или Сократ

twitter: ATP Tour

Грчкиот тенисер моментно се наоѓа на шестото место на АТП ранг листата.

Стефанос Циципас за „Behind the Racquet“ зборува како изгледа животот на тенисерот, но и за историјата на својата земја.

Во 2015 година влегов меѓу најдобрите 15 тенисери на светот и станав носител на грен слем турнир и тогаш сфатив колкав е мојот потенцијал, На почетокот патував само со татко ми, а сега со мене е целото семејство и јас сум тој што заработува за сите нас. Имам хоби надвор од терените и сето тоа ми помага да бидам покреативен. Понекогаш моите објави на социјалните мрежи луѓето не ги разбираат, а тие објави ја изразуваат мојата внатрешна креативност. Се обидувам да бидам поинаков, Стефанос е филозоф, доаѓа од земја која има богата филозофска историја и не знам можеби во претходниот живот бев Питагора или Сократ – вели Циципас.

Циципас исто така зборува и за тешките моменти во детството но и како професионалец кога тенисерите често се осамени, а сепак одбиваат да создаваат пријателства.
– На почетоците од професионалната кариера имаше моменти кога не ми одеше, кога се сомневав со своите квалитети. Играв на фјучерси и не бев сигурен дали сум доволно добар за професионален тенис. И Грција во тие времиња патеше, беше на работ на банкрот, моите вујковци и тетки останаа без работа и не можеа да ги прехрануваат своите семејства. Тогаш сите гледаа на мене како јас да сум проблемот иако често патував за да играм тенис и не можев да видам што се случува дома. Тогаш си реков: Мораш да се посветиш на тенисот, не смееш да се откажеш, мораш да одиш понатаму.

Исто така јас бев интровентно дете кое немаше многу пријатели и кога почнав да играм на турнирите мислам дека брзо ќе стегнам многу нови пријатели но се случи спротивното. Играчите често се сами, верувам дека тие не сакаат да склучуваат пријателства бидејќи мислат дека ќе им ги дознаете тајните и ќе ги победите. Но, пријателите би ви помогнале да не бидеме осамени за време на патувањата – раскажува Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот