Циципас конечно го победи Медведев

twitter/ATP tour

Стефанос Циципас со триумф го стартуваше настапот на завршниот Мастерс турнир во Лондон на кој играат најдобрите осум тенисери годинава. Гркот за еден час и 43 минути игра со 7:6,6:4 и дојде до првиот триумф над Медведев по петте порази во последните две години.

Циципас беше тенисерот кој играше подобро на почетокот, во вториот гем имаше брејк шанса но не ја искористи и првиот сет се решаваше со тај брејкот. Во него поуспешен беше Циципас кој ја искористи првата сет топка по 55 минути игра.

Идентично се играше и во вториот сет, тенисерите немаа брејк шанса се до седмиот гем. Тогаш Медведев успеа да спаси две брејк топки на свој сервис, но два гема подоцна не можеше да ги издржи налетите на Циципас кој потоа со сигурен сервис ја обезбеди победата на стартот од Мастерсот во Лондон и притоа дојде до прв триумф над Медведев во шесте меѓусебни пресметки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот