Циципас ја освои титулата во Лондон (ВИДЕО)

фото:твитер

Стефанос Циципас го совлада во финалето на Завршниот мастерс во Лондон, Доминик Тим, после пресврт со резултат 2:1 по сетови 6:7 (6), 6:2 и 7:6 (4).

Гледавме два сета кои завршија во „тај-брејк“ и добивме нова потврда дека светскиот тенис има уште еден играч од светска класа.

Борбата за титулата траеше скоро три часа и најави големо ривалство меѓу Стефанос и Доминик.

Гркот со 21 година и три месеци стана најмладиот шампион на Завршниот мастерс уште од Лејтон Хјуит во 2001 година, на кој триумфираше во своето прво учество.

Воедно е прв играч кој стана шампион после загубен прв сет од Давид Налбандијан во 2005 година.

Циципас ќе го напушти Лондон со 1.300 бодови и 2.656.000 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот