Циципас импресиониран од Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ е подобар во меѓусебните дуели против Стефанос Циципас/фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас, кој е шести тенисер на АТП ранг листата, откри дека е импресиониран од резултатите и достигнувањата во последните десет години.

– Тоа што го прави Новак е неверојатно. Последните десет години оствари резултати кои заслужуваат само пофални зборови. Импресиониран сум од тоа што го направи. Го крена нивото на игра и тоа го прави сеоја година – вели Циципас.

Грчкиот тенисер истакна дека му се воодушевува на уште еден тенисер, Рожер Федерер, за открива дека му е идол од детството.
– И двајцата доминираат во тенисот долги години. Рожер и Новак заедно со Надал остварија резултати кои во блиска иднина никој нема да ги достигне. Сепак, морам да признаам дека мојот идол е Федерер, тој е тенисерот со кој израснав и му се воодушевував за се што направив. Нормално, и Новак Ѓоковиќ заслужува голем респект, мислам дека тенисот никогаш немал такти играчи – додава Циципас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот