Циципас го „уништи“ Кирјос за неговиот 25. роденден, ве молам престанете

фото:твитер

Стефанос Циципас на оригинален начин му го честита роденден на својот колега чиј телефон не престанува да звони.

Ник Кирјос вчера го прослави својот 25. роденден, а неговиот ривал на тениските терени Стефанос Циципас се погрижи да го памети роденденот до крајот на животот.

Циципас преку својот профил на Инстаграм му честиташе роденден на Кирјос така што на сликата држи картон со телефонски број на кој пишува „Јави ми се“.

Само неколку часа откако грчкиот тенисер ја објави фотографијата, се огласи и Кирјос со зборовите: „Ти си тотален идиот, сите вие престанете да ми звоните“.

Кирјос беше приморан да го исклучи телефонот и потоа упати уште еден апел до фановите.

– Ве молам престанете да ми звоните. Не можам дури ни музика да си пуштам на мојот телефон. Навистина би ви бил благодарен доколку престанете да ми звоните – апелираше Кирјос.

Неколку часа подоцна, Циципас продолжи да се шегува со Кирјос и објави нова фотографија на која имаше порака „Престанете да му звоните на Ник“. Фановите беа одушевени од овој потег на грчкиот тенисер и побараа да го објави и бројот на Рожер Федерер.

Видео на денот