Цибулкова кажа доста е, си замина во пензија
Доминика Цибулкова, некогашната четврта тенисерка на ВТА листата денеска стави крај на професионалната кариера. Таа освои осум ВТА титули, а во 2014 година играше во финалето на Австралија Опен, додека годинава стигна до полуфиналето на Ролан Гарос.
Таа веста за заминувањето во пензија ја објави на својот Инстаграм-профил.
„Денеска со измешани чувства сакам да споделам посебна вест. Како што знаете, не одиграв ниту еден меч во последните неколку месеци. Се започна од повредата на ахиловата тетива која ме донесе до еден од најтешките моменти во животот – требаше да одлучам што да правам понатаму. По долго размислување и поддршката која ја добив од семејството и пријателите одлучив да не се враќам на теренот како тенисерка“, напиша Цибулкова.
Таа во 2016 година триумфира на завршниот Мастерс турнир на кој играат најдобрите осум тенисерки, а во кариерата има уште и три настапи во четвртфиналињата на Вимблдон и едно четвртфинале на УС Опен.
Цибулкова првиот тениски меч како професионалка го одигра во 2004 година и има скор од 450 победи и 299 порази.