ЦИА предупредуваше, Трамп игнорираше – Сега ја плаќа цената со човечки животи

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Наместо да им верува на своите луѓе, Трамп му поверувал на кинескиот претседател Си Џипинг околу состојбата со епидемијата на вирусот во Кина.

„Господине претседателе, епидемијата се шири и ќе биде се полошо. Доколку нешто не преземеме вирусот ќе ја уништи Америка“.

Вака оперативците на ЦИА и претседателскиот советник за здравство, го предупредуваа Доналд Трамп во почетокот на јануари 2020 година, додека коронавирусот пустошеше само во Кина.

Но, тие беа шокирани од неговиот тогашен одговор:

Не претерувајте со овој вирус ве молам, да одиме со посериозни теми. Кога ќе продолжиме со продажбата на електронски цигари?, им рекол Трамп на разузнавачите.

Само два месеци подоцна, САД станаа држава со најголем број на заболени во светот.

Но, како Трамп ја потцени ситуацијата со коронавирусот?

Капацитетот на Болницата во Бруклин е целосно пополнет, труповите на починатите лица стојат надвор и со часови бидејќи мртовечниците и крематориумите се преполни / 28 март 2020, Бруклин, Њујорк, САД / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Но, како Трамп ја потцени ситуацијата со коронавирусот?

САД се најсилната држава во светот која поседува моќни агенции за разузнавање и шпиунирање, во областа на медицината и здравството.

Националниот разузнавачки центар за медицина како и останатите разузнавачки служби користат високо софистицирана опрема и сите можни средства. Од сателитски снимки, до шпиунски дронови, прислушување и двојни агенти.

Сите овие ресурси се  во функција, за да се дознаат информации кои се од витално значење за американската национална безбедност. Сепак, Трамп одбиваше да ги послуша.

,,Вашингтон пост” наведува дека разузнавачите на ЦИА не го предвидоа точниот датум на појавата на коронавирусот, но навремено ги информирале сите надлежnи институции, меѓу кои и прерседателот, за почетокот на епидемијата во САД.

На секој од состаноците за националната безбедност, Трамп добивал предупредувања од опративците и од советниците, кои му укажувале дека Кина манипулира со бројката на заразени.

Но, Трамп овие предупредувања не сакаше да ги земе во предвид сериозно.

Картонски фигури на Трамк и Си Џипинг со маски за лице во Москва, Русија / 28 март 2020 / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Неименуван извор за ,,Вашингтон пост” изјавил дека, наместо да им верува на своите луѓе, Трамп му поверувал на кинескиот претседател Си Џипинг околу состојбата со епидемијата на вирусот во Кина.

Она од што е шокирана  јавноста, е тврдоглавоста на Трамп. И по појавата на коронавирусот во САД и последиците кои почна да ги создава Трамп продолжи со игнорирањето на опасноста.

Предупредувањето на  националниот Центар за превенција на  заразни болести, дека вирусот ќе го смени досегашниот начин на  живот на американците, Трамп го оцени како непотребно ширење паника.

Сите овие игнорирања, најверојатно беа  резултат  на стравувањата да не дојде до колапс на американската економија. Трамп беше свесен дека ваквите изјави ги одбиваат потенцијалните инвеститори, па сакаше гласните и  предупредувања да ги замолчи.

Дури откако коронавирусот почна неконтролирано да се шири и да одзема голем број на човечки животи, Трамп почна да презема мерки.

Го активираше воениот закон од 1950 година (Defensive Production Act) со кој владата ја презема контролата на производството.

Американските гувернери и сенатори го повикаа Трамп, да ги натера сите производители да се стават во служба во борбата против епидемијата, односно да почнат со производство на клучните и дефицитарни производи, како што се  медицинска опрема, репсиратори, заштитни маски и опрема за тестирање .

Во меѓувреме, една третина од американските граѓани живеат во изолација, а 7 милиони американци добија откази од работните места и останаа без приходи за основна  егзистенција.

Се поставува прашањето: Дали САД послесно ќе се справеше со кронавирусот, доколку Трамп сериозно ги разбра предупредувањата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот