ЦИА го шпионира речиси ЦЕЛИОТ СВЕТ, но „ЗАМИЖУВА“ за оваа земја, а тоа може да и се „удри од глава“

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го финансираат воениот лидер кој се обидува се да ја собори владата во Либија која е признаена од Обединетите нации.

ОАЕ ја предводи коалицијата на држави кои воведоа економска блокада на Катар, и покрај повиците на САД за решавање на проблемот. Тие ангажирале поранешни работници на американската агенција за национална безбедност (НСА) како хакери за шпионска програма насочена од Амриканци, откри истрагата на „Ројтерс“.

Сепак, во многу необична практика, Централната разузнавачка агенција на САД (ЦИА) не ја шпионира владата на Обединетите Арапски Емирати, изјавија за „Ројтерс“ поранешни официјални претставници на ЦИА.

Многу аналитичари велат дека тоа е опасна „слепа точка“ за американската разузнавачка агенција.

Ова однесување на ЦИА не е ново. Она што се смени е природата на однесувањето на оваа мала, но влијателна нација богата со нафта во земји ширум Блискиот исток и Африка – водењето војни, спроведување тајни операции и користење на своето финансиско движење за редизајн на регионалната политика на начини што честопати се во спротивност со американските интереси, велат тие експерти за надворешна политика.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Српските власти откриваат детали за контејнерот на смртта, мигрантите од Шид стигнале до Парагвај

Неуспехот на ЦИА да се прилагоди на растечките воени и политички амбиции на ОАЕ е „занемарување на должноста“, рече еден поранешен функционер на ЦИА.

Американската разузнавачка заедница не ги игнорира целосно Обединетите Арапски Емирати. НСА спроведува електронски надзор – собира информациски податоци со помал ризик и пониска награда – во рамките на Обединетите Арапски Емирати, изјавија двајца извори со знаење за работата на агенцијата за „Ројтерс“. И ЦИА соработува со разузнавачките служби во ОАЕ во „врска“ што вклучува размена на разузнавачки информации за обични непријатели, како Иран или Ал Каеда.

Но, ЦИА не собира „човечки информации“ – највредните и најтешко достапните информации – од информаторите на ОАЕ за нејзината автократска влада, соопштија тројца поранешни официјални претставници на ЦИА.

Прочитајте и...  Промовирна монографијата „Поглед низ времето" на Киро Кипроски

Од ЦИА, НСА и Белата куќа одбија да ги коментираат американските практики за шпионажа во Обединетите Арапски Емирати. Министерството за надворешни работи на ОАЕ и нејзината американска амбасада не одговориле на барањата за коментар. Оваа практика на ЦИА, која претходно не беше објавена во медиумите – го става ОАЕ на исклучително кратокиот список на други земји каде агенцијата користи сличен пристап, соопштија поранешните разузнавачки службеници.

На списокот се наоѓаат и четири други членови на Коалицијата за разузнавање наречена „Пет очи“: Австралија, Нов Зеланд, Велика Британија и Канада.

Шпиони на ЦИА собираат човечки информации скоро за секоја друга земја во која Соединетите држави имаат значителни интереси, вклучително и некои клучни сојузници, според четворица поранешни функционери на ЦИА.

Најблиското спротивставување на ОАЕ можеби е Саудиска Арабија – уште еден влијателен американски сојузник на Блискиот исток кој произведува нафта и купува американско оружје. За разлика од Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија е често на мета на ЦИА, велат изворите.

Прочитајте и...  Црни рекорди во регионот: Бугарија, Србија и БиХ со најмногу заразени, Словенија и со починати од ковид-19

Саудиските разузнавачки агенти заробиле неколку агенти на ЦИА, обидувајќи се да регрутираат саудиски функционери како информатори, велат изворите. Саудиските разузнавачки агенции не се жалат јавно за обидите за шпионирање на ЦИА, но се состануваат приватно со шефот на агенцијата во Ријад за да се договорат овие припадници на ЦИА да бидат мирно избркани, изјави поранешен службеник за разузнавање во Заливот.

Поранешниот агент на ЦИА, Роберт Баер, го нарече „промашување“ собирањето човечки информации во ОАЕ.

На американските власти им се потребни најдобрите можни информации за внатрешната политика и семејните конфликти на оваа монахрија од Блискиот исток.

– За некој што се гордее да биде светски сервис, тоа е неуспех. Кралските семејства се клучни – рече тој.

Поврзани вести

ФОТО: Граѓаните од општина Гази Баба им помагаат на лицата од ранливите категории

Илинка Иљоска

ФОТО: Запленет кокаин во Кичево

Слободен печат

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

Слободен печат

Во Словенија од денеска во болниците само пациенти со Ковид-19 и итни случаи

Слободен печат

Греењето на дрва најзастапено, на струја еколошки најприфатливо

Слободен печат

Без струја утре корисниците во неколку скопски општини

Слободен печат

Остави Коментар