Церар: Словенија поддржува „мал Шенген“ за стабилност во регионот

Словенија ја поддржува соработката на балканските земји, како што е случајот со „мини-шенгенската” соработка на Северна Македонија, Србија и Албанија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар пред парламентарната комисија за надворешна политика.

– Словенија исто така има корист од таквата иницијатива, посочи тој.

– Но, клучот за подобра соработка и успех во овие земји во иднина ќе биде нивното влегување во ЕУ, рече Церар, повторувајќи го официјалниот став на Словенија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

– Колку подобро соработуваат овие земји, толку е постабилен регионот … колку поголема безбедност, толку повеќе можности за словенечките компании и туристичка размена во двата правци, рече Церар.

Меѓутоа тој истакна дека самите држави не можат да постигнат исти резултати како што би имале „во синергија со ЕУ”, а Словенија инсистира на тоа дека клучот за успехот на Западен Балкан, па дури и подобрата соработка помеѓу тие земји е проширувањето на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот