ЦЕНЗУРА НА ЦЕНЗУРАТА: Твитер ги блокираше профилите на кубанските медиуми

твитер

Твитер ги блокираше корисничките сметки на лидерот на комунистичката партија на Куба, Раул Кастро, на неговата ќерка Мериел Кастро и на сите кубански државни медиуми.

Кубанските новинари ова го процениле како масовна цензура и блокирање на слободата на говорот. Блокирани се десет кориснички сметки на кубански медиуми.

Американско-кубанскиот уметник Коко Фуско оваа „акција“ ја нарече „цензура на цензурата“.

Она што е интересно е што долго време се зборува дека кубанските медиуми самите ја цензурираат вистината за тамошната општествена и политичка ситуација.

Куба е една од најизолираните земји кога е во прашање пристапот на интернет, кој комерцијално стана достапен за туристите и ограничено за жителите пред само неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот