Централно одбележување на Европските денови на културното наследство

 Од денеска до 7 октомври ќе се одржи централното одбележување на Еврпските денови на културното наследство, коишто во нашата земја годинава се фокусирани на темата „Културното наследство и училиштата”.

Во тие рамки, повеќе музеи и други институции што делуваат на полето на културното наследство најавија организирање настани со физичко присуство на посетители, и, се разбира, со почитување на протоколите за социјална дистанца.

Во организација на Националната галерија на Република Северна Македонија веќе се одржаа две креативни работилници насловени „Детски фасцинации 20″, инспирирани од изложбата „Пејсажни фасцинации 20″ на уметникот Атанас Атанасоски. Музејот Куманово организира посета на локалитетот Камени кукли во с. Куклица и едукативна работилница насловена ”Легенди и преданија во современото живеење”. Во согласност со темата, Музејот Демир Капија ќе ја реалзира креативната работилница „Традиција, сегашност, иднина”, со ученици од локалното основно училиште.

Во Музеј и галерија Кавадарци, утре во 12 часот, ќе биде отворена изложбата „Културното наследство на Кавадаречко”. Најмалиот етнолошки музеј во светот од с. Џепчиште, Тетово, се вклучува во манифестацијата со поставување на изложбата „Верски реликвии и стари дипломи на заборавени занаети” и со организирање на дебата околу издавањето на книгата „Македонски етнолошки буквар” на 3 октомври.

На 6 октомври, Музејот на град Неготино ќе ја отвори меѓународната изложба на ликовни дела на Александра Кокотовиќ од Сараево, Босна и Херцеговина. Изложбата насловена „Уметноста како катализатор за социјални промени” ќе биде поставена на отворен простор, во Лапидариумот пред музејот. Истиот ден, со почеток во 13 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде промовирана илустрираната публикација за деца „Музејска сликовница”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот