Централна банка на Кина: Нема основа за трајна инфлација и дефлација

Централната банка на Кина објави дека и покрај краткорочните нарушувања на цените поради пандемијата на Ковид-19, во земјата не постојат основи за трајна инфлација и дефлација.

Кинеската економија остана стабилна, понудата и побарувачката генерално се во рамнотежа и затоа не постои закана од трајна инфлација и дефлација во земјата, се вели во извештајот на Централната банка за монетарната политика во првиот квартал.

Централната банка вети дека ќе го засили антицикличното прилагодување за поддршка на реалната економија, дека претпазливата монетарна политика ќе ја направи пофлексибилна и оти дополнително ќе ја продлабочи пазарно ориентираната реформа на каматната стапка и реформата на системот за формирање девизен курс на јуанот.

Индексот на потрошувачките цени, главната мерка на инфлацијата во Кина, во март се зголеми за 4,3 проценти во однос на минатата година, додека оваа бројка во февруари беше 5,2 и во јануари 5,4 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот