Центарот за обука на пилоти, нема да биде седиште на хеликоптерите за прва помош

Центарот за обука на пилоти е центар наменет за обука на пилоти на Министерството за одбрана, на Министерството за внатрешни работи и тој останува домашен капацитет. Тој Центар до 2021 година го водиме заедно со приватниот партнер, но после тоа останува целосна одговорност практично на нашата Армија.

Ова е одговорот од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на новинарско прашање дали во Центарот за обука на пилоти, ќе се обучуваат и ќе биде седиштето на хеликоптерската прва помош и спасување.

– Во овој проект нема вклученост на Центарот за обука на пилоти, децидна е Шекеринска.

На прашањето каде ќе биде локацијата на хеликоптерската прва помош, Шекеринска појасни дека тоа е прашање кое согласно условите на тенедерот и договор останува на концесионерот, но тоа, повтори, не е Центарот за обука на пилоти.

– Водевме сметка после тоа да не дозволиме да имаме конфликтни надлежности. Центарот за обука на пилоти, бидејќи е дел од Армијата, нема да биде дел од овој проект, рече министерката за одбрана Шекеринска по денешниот увид во новореновираните и комплетно опремени лаборатории на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски”, во кои е инсталирана напредна образовна технологија наменета за проектот за напредно учење на далечина.

Сепак, посочи дека во физибилити студијата таа опција била разгледувана, но како резултат на дебати во Владата, било одлучено дека во договорот што е понуден на кој било приватен концесионер, таа опција да не биде отворена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот