ЦЕНТАРОТ БЛОКИРАН: Протест на пазарџиите за зголемените цени на паркинзите (ФОТО)

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули”.

Сообраќајот на дел од булевар „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје е блокиран од изутрина, на потегот кај дирекцијата на Макпетрол, поради протест на пазарџиите од Зелен пазар кои бараат намалување на цените за паркинг на Општина Центар.

Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули”.

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“ минатата недела донесе одлука со која од 8 овој месец цените за паркинг за еден час на комерцијалните паркиралишта со кои стопанисува се зголемија за 20 денари.

Целта, како што појаснија, е да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје и да им овозможи на жителите похумани услови за живеење.

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот