Центар за лица со аутизам отворен во Охрид

Во кругот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо” во Охрид денеска е отворен Центар за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција за лица со аутизам, АДХД и Аспергер синдром.

Станува збор за проект на Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергер синдром „Во мојот свет, поддржан од Министерство за здравство преку отстапување на простории од болницата „Св.Еразмо”, додека трошоците за реконструкцијата и опремувањето на центарот се обезбедени преку Амбасадата на Република Чешка во Скопје.

До крајот на годината, во Охрид ќе почне со работа и Центарот за рехабилитација, едукација и сензорна интеграција наменет за ран третман на деца со аутизам, АДХД и Аспергер синдром. Таа установа наменета за деца на возраст од две до осум години ќе биде сместена во охридската Општа болница.

Освен третманите на лицата со аутизам во двата центри ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел подобра грижа кон лицата со аутизам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот