Цените на становите ќе растат уште повеќе: Во Центар квадрат ќе надмине 2.000 евра

Фото: МИА / илустрација

Квадрат во скопски Центар ќе надмине 2000 евра. Цените на становите допрва ќе растат, велат од Градежната комора. Причина за забрзаниот раст на цените има повеќе, но главно е дека растат цените на материјалите за работа. Според пресметките на комората, градежните материјали се поскапени за 80%, а се поголем проблем претставува и нивната набавка заради пандемијата. За градежните фирми и работната сила станува се поскапа.

Високата цена на метар квадратен во централното градско подрачје во Скопје ја диктира и недостигот на станови затоа што многу се купува во услови кога малку се гради.

Градежниците велат дека иако секторот не бил директно погоден од пандемијата, не останал имун на кризата заради поврзаноста со другите гранки. Во текот на 2020 градежништвото паднало за 2,1%, но негативниот тренд продолжил и годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот