Цените на нафтата зајакнаа по саудискиот оптимизам за нејзина зголемена побарувачка

Цените на нафтата денеска зајакнаа, поддржани од саудискиот оптимизам за зголемената побарувачка во Азија и ветувањето на Ирак дека дополнително ќе ги намали испораките, но неизвесноста околу мерките за поддршка на економското закрепнување на САД ги ограничи профитите.

Цената на фјучерсите на северноморската нафта порасна за 34 центи, или 0,8 проценти, на 44,74 долари за барел во утринското тргување, додека фјучерсите на американската нафта WTI пораснаа за 47 центи, или за 1,1 процент, на 41,69 долари за барел.

Извршниот директор на Саудиска Арамко, Амин Насер, вчера изјави дека предвидува зголемување на побарувачката на нафта во Азија бидејќи економиите постепено се отвораат по олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на Ковид-19.

Покрај тоа, Ирак на крајот од минатата недела соопшти дека во август и септември ќе го намали производството на нафта за дополнителни 400.000 барели на ден за да ја неутрализира својата хиперпродукција во текот на изминатите три месеци. На тој начин, Багдад ќе ја почитува квотата за намалување на испораките утврдена со договорот на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, која претходно ја надмина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот