33.8 C
Скопје

Цените на нафтата се искачија на 68 долари

Ценита на нафтата пораснаа во средата на меѓународните пазари за 68 долари, поттикнати од прогнозата на ОЕЦД за опоравување на светската економија од корона кризата и континуираните ограничувања на снабдувањето од водечките производители.

Цената на барел нафта на лондонската берза порасна за 34 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 67,86 долари. На американскиот пазар барел се тргуваше по 52 цент повисока цена, од 64,52 долари.

Трговците денеска се фокусираа на прогнозата на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за опоравување на економиите од корона кризата.

Светската економија би требало годинава да порасне за 5,6 отсто, а во следната за 4 проценти, објави ОЕЦД вчера во прелиминарните прогнози. Досега за оваа година предвидуваа раст од 4,2 проценти

„Малку работи може да го подобрат расположението на пазарот повеќе од подигнатата проценка на светската економија после ковид“, заклучи Стивен Бренок од брокерската куќа ПВМ.

Цените ги поткрепува и одлуката на водечките прозводители предводени од Организацијата на земји – извознички на нафта (ОПЕК) и Русија дека и во април ќе го намалуваат производството во речиси непроменет обем.

„Според наше мислење, состанокот на производителите ОПЕК+ од 4. март не само што ја подотвори вратата за повисоки цени, туку и ги симна и шарките и ја иситни за огрев“; напишаа аналитичарите од Стандард Чартеред во белешката до клиентите.

Саудискиот министер за надворешни работи принцот Фајсар бин Фаран Ал Сауд изјави денеска дека Саудиска Арабија и Русија сакаат „чесни“ цени на нафтата и најави продолжување на соработката во рамки на групата ОПЕК+.

Во рамки на таа соработка Саудиска Арабија доброволно се обврза да го намали производството за милион барели дневно во февруари и март, но нејзиниот извоз, според податоците на две компании кои ги следеа, сугерирале помал пад во февруари.

Значајниот пораст на цените е закочен од намалената набавка на најголемите светски увозници Кина и Индија со оглед на моментално високите цени. Двете земји одлучија да причекаат на пазарот да се вратат иранските барели, толкуваат аналитичарите.

Кочница за цените беше и скокот на американските залихи на сирова нафта минатата недела, за 12,8 милиони барели, според изворите од трговијата кои се повикуваат на податоците од Американскиот институт за нафта (АПИ). Аналитичарите од истражувањето на Ројтерс очекувале раст за 800.000 барели.

Официјалните податоци на американската влада ќе бидат објавени во текот на денот.

Одвоено ОПЕК на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошница нафта на неговите членки изнесувала 66,38 долари, што значи дека паднала за 1,79 во однос на претходниот ден од тргувањето.

Поврзани вести

Генерал Волтерс: Придонесот на С Македонија во НАТО од витално значење за мирот и стабилноста на Западен Балкан и Европа

Слободен печат

Филипче: Има некои случувања кои можат да ја загрозат и влошат епидемиолошката состојба

Бугарија братски ја подржува Албанија, но не и Македонија

Љубиша Николовски

Во текот на следните два дена Македонија ќе биде зафатена со температури од портокалова алертна фаза

Слободен печат

Рама: Се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија оти пак ќе треба да преговарате со Грците

Слободен печат

ВИДЕО | Георгиевски: Охридскиот регион треба да живее во синергија со заштитата, природата и културното наследство

Слободен печат

Остави Коментар