Цените на нафтата растат на светските берзи

Само во четвртокот цените на нафтата забележаа скок од два отсто, откако претходно беше објавено дека во јуни бројот на вработени во САД пораснал за рекордни 4,8 милиони, односно за 1,8 милиони повеќе отколку што сметаа аналитичарите.

Инвеститорите охрабрени од знаците на опоравување на глобалната економија го зголемија интересот за купување на „црното злато“, а со тоа влијаеа врз растот на цената на овој ресурс изминатата недела.

На лондонскиот пазар цената за барел нафта минатата недела порасна за 4,5 отсто, на 42,76 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапи за 4,4 отсто, на 40,21 долар.

Само во четвртокот цените на нафтата забележаа скок од два отсто, откако претходно беше објавено дека во јуни бројот на вработени во САД пораснал за рекордни 4,8 милиони, односно за 1,8 милиони повеќе отколку што сметаа аналитичарите.

Се зголемува и побарувачката за нафта во Кина, втор најголем светски потрошувач на нафта, на што укажуваат податоците за брз раст на активностите во кинеското производство во услучниот сектор.

ОПЕК и неговите сојузници, вклучувајќи ја и Русија, неодамна се договорија за продолжување на договорот за намалување на производството за 9,7 милиони барели дневно и за месец јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот