Цените на нафтата повторно се зголемија

нафта
Раст на цените на нафтата / Илустративна фотографија: ЕПА

Цените на суровата нафта денеска пораснаа за над 3,0 проценти, по одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници (ОПЕК +), до јули постепено да го зголемуваат производството за нешто повеќе од два милиони барели на ден.

Цената на северноморската сурова брент „Брент” порасна за 3,38 проценти на 64,86 долари за барел, додека американскиот „WTI” порасна за 3,87 проценти на 61,45 долари за барел во азиското тргување до 8.40 часот по средноевропско време.

Групата ОПЕК + вчера постигна договор за олеснување на ограничувањата за пумпање, односно за зголемување на производството за 350 000 барели дневно во мај, за уште 350 000 барели во јуни и за околу 400 000 барели во јули.

Ова значи дека ограничувањето на производството на „црното злато”, кое ОПЕК + во моментов го спроведува, од мај ќе се сведе на количина малку над 6,5 милиони барели дневно, во споредба со малку помалку од седум милиони барели во април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот