Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Се стравува дека ширењето на заразата може да ги присили компаниите да прекинат со работа.

Цените на нафтата на меѓународните пазари денеска паднаа под 43 американски долари под притисок на новиот бран на пандемијата на коронавирусот во САД, за кој инвеститорите стравуваат дека може да го попречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси.

Цената на барел на лондонската берза падна за 56 центи на 42,56 долари.

На американската берза барел денеска се тргуваше за 58 центи пониско, односно за 40,07 долари.

Берзите вчера беа охрабрени со податоци за 4,8 милиони нови работни места во САД во јуни и расположението беше поддржано со падот на американските залихи на нафта.

Денеска вниманието се префрли на повеќе од 55.000 новозаразени во САД, најмногу од почетокот на пандемијата. Се стравува дека ширењето на заразата може да ги присили компаниите да прекинат со работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот