ЦЕНИТЕ НА БЕНЗИНИТЕ ЌЕ РАСТАТ ЗАРАДИ НАПАДИТЕ ВО САУДИСКА АРАБИЈА? Дронови предизвикаа огромна штета, ќе трпи цел свет! (ВИДЕО)

Глобалните цени на енергенсите пораснаа денес по нападот на клучните нафтени постројки во Саудиска Арабија со кои е онеспособено повеќе од пет отсто од глобалното снабдување со тој енергенс.

Нападот е извршен со дронови во саботата на две нафтени постројки во Саудиска Арабија, едно од кои е најголемо на светот, со што е намалено за преку 50 отсто производството на саудискиот државен нафтен гигант Арамко.

Може да потрае со недели за постројките да почнат да работат со полн капацитет. Арамко соопшти дека заради нападот неговото дневно производство паднало за 5,7 милиони барели дневно, што претставува повеќе од пет отсто од светската дневна потрошувачка. Повеќето од ова производство оди во Азија.

Референтната сирова нафта Брент скокна скоро за 20 отсто на почетокот на тргувањата утрово пред да се смири тргувањето на пораст од 10 отсто и се продаваше за 66,28 долари по барел.

Американските официјални лица објавија сателитски снимки од оштетувањата во центарот на главното саудиско нафтено поле и фабриката за преработка на нафта, наведувајќи дека разорувањето укажува дека саботниот напад дошол од Ирак или Иран, а не од Јемен, како што тврделе јеменските Хуту бунтовници кои ја преземаа одговорноста за нападот.

Иран американските наводи ги нарекол „максимални лаги“ и отфрлил било каква одговорност за нападот. Ирак исто така навел дека нападот не е изведен од неговата територија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот