Цените на бензините и дизелот остануваат исти 

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука цените на бензините и дизелот да останат исти согласно одлуката од 17.8.2020 година, додека намалување ќе има на малопродажнaта цена на Мазутот М-1 НС за 0,323% и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,97%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,280 ден/кг.

Од 25.08.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин   ЕУРОСУПЕР БС –  95 59,50 (денари/литар)

– Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 61,50 (денари/литар)

– Дизел гориво   ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)

– Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 51,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС    26,280 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат зголемување за 1,352%, намалување на дизелот за 0,365% и на екстра лесното масло за 0,708%, додека кај мазутот има зголемување за 0,361%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,654 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот