Цената на златото на највисоко ниво за шест години

Злато / Фото: Архива на Слободен печат

Само минатата недела цената на златото порасна за четири отсто во однос на претходната, а аналитичарите сметаатдека до крајот на годината да достигне неверојатни 2.300 долари за унца.

Инфлаторните очекувања ја поттурнаа побарувачката за благородниот метал до историски највисоко ниво.

Од почетокот на пандемијата на корона вирусот, цената на златото почна вртоглаво да расте и да ги соборува сите рекорди. Тоа, како што тврдат аналитичарите, не би требало да не зачудува бидејќи инвеститорите овој благороден метал го сметаат за сигурна котва во време на криза, па затоа прогнозираат и понатамошен раст на цената. Тврдат и дека побарувачката за злато е предизвикана и од стравувањето од инфлација бидејќи им претставува главно средство за зачувување на имотот.

Само минатата недела цената на златото порасна за четири отсто во однос на претходната, а аналитичарите сметаатдека до крајот на годината да достигне неверојатни 2.300 долари за унца.

Во споредба со претходната година во истиот период кога изнесуваше 1.500 долари ова претставува и шестготишен историски раст и максимум.

Вложувањата во злато привлекоа многу инвеститори кои сакаат да го заштитат својот имот од инфлација којаја очекуваат поради „дивото“ печатење пари на централните банки. Според зборовите на познавачите на пазарите, овој благороден метал со векови не ја губи вредноста, па јасно е зошто луѓето се завртуваат кон него кога настапува тешко време.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот