18 C
Скопје

Цената на трудот во ЕУ највисока во Данска, а најниска во Бугарија

Германија е меѓу водечките земји во Европа според трошоците за работна сила – секој час работа го чини германскиот работодавач во просек 36,70 евра. Највисока цена на работна сила има во Данска, а најниска во Бугарија – 6,40 евра на час.

Во просек за ЕУ, трошоците за работна сила (плата плус осигурување) изнесуваат 28 евра за еден час работа. Сумата е формирана од бруто плата и дополнителни одземања, како што е социјалното осигурување, информира Дојче веле.

Највисока цена на работната сила има во Данска – 46,90 евра за одработен час, а најниска во Бугарија – 6,40 евра, според Федералниот завод за статистика „Дестатис”. На дното на рангирањето се неколку постсоцијалистички земји, во кои трошоците за работна сила се околу десет евра за час- Хрватска, Унгарија, Полска и Литванија, а претпоследна е Романија со просечна цена на трудот од 7,70 евра.

Поврзани вести

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 436 пациенти

МИА Агенција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани девет пациенти

МИА Агенција

Италијанската крајбрежна стража пресретна четири брода со 500 мигранти

МИА Агенција

Груби: Ние направивме сè, редот е на ЕУ

МИА Агенција

Гир: Време е да се оди напред

Борисов: ЕУ е најдоброто место за живеење во светот

МИА Агенција

Остави Коментар