Цената на празот e ниска, се жалат производителите

Производителите на праз од општина Василево, кои денеска своето производство го нудеа на манифестацијата „Ден на празот” во селото Градашорци, се пожалија на ниските откупни цени.

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, пак, кој присуствуваше на манифестацијата, најави поддршка на инвестиции за преработка на празот, но укажа и на потребата од стандардизирано и квалитетно производство.

-Еден врзоп праз го продаваме 100 денари. Оваа цена е неисплатлива за нас. Со откупна цена од 200 денари ќе ги покриеме производствените трошоци- рече Мемет Асанов, прозиводител од Градашорци.

Одоговарајќи на новинарско прашање за ниските откупни цени, министерот Димковски рече дека државата ќе ги поттикне бизнисмените да инвестираат во преработка на празот, посебно како состојка во многу зачини и преку сушење, што ќе овозможи оваа култура да ја има на пазарот цела година.

-Токму тоа е делот во кој ние ќе ги поттикнеме бизнисмените кои сакаат да инвестираат и секако ја имаат поддршката од Владата, како преку националните програми, така и преку ИПАРД програмите, со цел да се амортизираат вишоците од производството на праз- нагласи Димковски.

Додаде и дека производството на праз доаѓа како втора култура и дополнителна дејност на градинарите, но ќе се работи не само на откупот, туку и на зголемување на производството преку доработка за потоа да има можност празот да се извезува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот