Цената на нафтата стабилна и покрај порастот на новозаболени

Зголемениот раст на бројот на новозаразени лица со новиот корона вирус низ светот кој би можел да го успори опоравувањето на побарувачката за гориво.

Цената на „црното злато“ при денешното тргување на светскиот пазар за нафта остана стабилна, поддржана од намаленото производство на големите производители.

Сепак трговците останаа внимателни поради зголемениот раст на бројот на новозаразени лица со новиот корона вирус низ светот кој би можел да го успори опоравувањето на побарувачката за гориво.

Северноморската нафта „Брент“ забележа раст од 10 центи или 0,2 отсто, и сега се продава по цена од 42,29 долари за барел.

Американската „ВТИ“ нафта за испорака во август зајакна за четири центи или 0,1 отсто и сега изнесува 39,87 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот