Цената на нафтата се зголеми по твитот на Трамп

ФОТО: ЕРА

По соопштението, цената на нафтата од типот „Брент” се зголеми за 46 отсто и денеска на берзите постигна највисоко ниво од 36.29 долари за барел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во сооштение на Твитер укажа дека Русија и Саудиска Арабија може да постигнат договор околу цените на нафтата.

-Тукушто разговарав со мојот пријател Мохамeд бин Солмaн, кралски престолонаследник на Саудиска Арабија, кој разговарал со претседателот Путин, и се надевам и очекувам дека тие ќе скратат приближно 10 милиони барели, можеби многу повеќе, што ако се случи ќе биде одлично за индустријата за нафта и гас, напиша Трамп.

По соопштението, цената на нафтата од типот „Брент” се зголеми за 46 отсто и денеска на берзите постигна највисоко ниво од 36.29 долари за барел. Цената на американската лесна нафта (ВТИ) исто така порасна, но за 24.8 отстсо достигнувајќи максимални 25.67 долари за барел.

Неможноста да се постигне договор за кратење на производството на нафта меѓу Русија и Саудиска Арабија доведе до ценовна војна меѓу двете земји, со што цената на нафтата во изминатиот период достигна рекордно ниски вредност, невидена уште од 1991 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот