Цената на нафтата повторно „жртва“ на тензиите меѓу САД и Кина
Сепак поради значителниот пораст што се регистрираше во континуитет изминатиот период цената на нафтата бележи значителна добивка четврта недела со ред.
Цената на „црното злато“ на светските пазари за нафта утрово повторно регистрираше остар пад, а причина за тоа се тензиите на релација САД – Кина.
Цената за барел нафта утрово падна за 3,5 проценти, на 34,80 долари, додека на американскиот пазар потона за 5,5 отсто, и се тргува по цена од 32,05 долари.
Сепак поради значителниот пораст што се регистрираше во континуитет изминатиот период цената на нафтата бележи значителна добивка четврта недела со ред, бидејќи инвеститорите очекуваат раст на побарувачката со постепеното опоравување на светските економии.
На пазарите за валути доларот во однос на останатите забележува зајакнување, прв пат по четири дена пад. Неговиот индекс, кој го следи движењето на американскиот во однос на останатите шест најважни светски валути, утрово се движење околу 99,50 бодови, додека вчера во исто време тој изнесуваше 99,35 бодови.
Притоа, курсот на американската во однос на јапонската валута забележа пад од 107,65 на 107,55 јени.