Цената на нафтата падна поради растот на инфекции

Дополнителен сигнал за потенцијален пад на побарувачката за нафта претставува проценката на аналитичарите дека залихите на рафинирани производи во САД пораснале минатата недела.

Цените на нафтата денеска се лизнаа бидејќи трговците стравуваат дека новиот бран од инфекции со корона вирусот Ковид – 19 и заострувањето на мерките за затворање на земјите ќе го закочи опоравувањето  на светската побарувачка за овој енергенс, и тоа во време кога главните производители на „црно злато“ го зголемуваат производството.

Цената на фјучерсите на американската нафта „ВТИ“ падна за 68 центи или за 1,7 отсто, на 40,33 долари за барел додека цената на северноморската нафта од типот „брент“ потона за 72 центи или 1,7 проценти на 43,43 долари за барел, известува „Ројтерс“.

До падот на цената дојде по претходниот раст на „ВТИ“ нафтата за 1,8 отсто и на „врент“ за 1,5 проценти во понеделникот, поттикнат од подобрите показатели на економските активности во Азија, Европа и САД во однос на очекувањата.

Прочитајте и...  Лаура Ковеси положи заклетва како прв обвинител на ЕУ

Опоравувањето на побарувачката за нафта го поткопува затворањето на градовите ширум светот и зголемувањето на бројот на новозаразени во светот, додека Норвешка го запре и сообраќајот со крузери.

Дополнителен сигнал за потенцијален пад на побарувачката за нафта претставува проценката на аналитичарите дека залихите на рафинирани производи во САД пораснале минатата недела, покажува прелиминарното истражување на „Ројтерс“ спроведено пред објавата на Американскиот институт за нафта на официјалните податоци на американската влада.

Покрај тоа, производителите во рамки на ОПЕК и нејзините сојузници, вклучувајќи ја тука и Русија, овој месец ќе го зголемат производството, а со тоа и испораката на пазарите за околу 1,5 милиони барели дневно, напоменува британската агенција.

 

Прочитај повеќе

Хрватска: Помалку бучава во кафулињата за луѓето да разговараат безбедно на дистанца

Слободен печат

Како Бугарија ги извезува своите проблеми во Северна Македонија

Слободен печат

Министрите денеска ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Слободен печат

САД и Јужна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров

Слободен печат

Нагорно Карабах е закана за регионалниот мир

Слободен печат

На секои 16 секунди во светот умира по еден заразен – досега над милион починати од ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Висат одлуките на претседателот на државата!

Платформата падна уште на првото тестирање

Михаило Донев

Одбележан Денот на Бошњаците со свечена академија

Слободен печат

Пашинјан до Гутереш: Турција има пристрасна позиција во акциите на Азербејџан

Слободен печат

Амазон отвора 3.500 работни места во Канада

Слободен печат

Османи на средба со Вархеји, главна тема почеток на преговорите со ЕУ

Слободен печат