Цената на нафтата на „корона нишалка“

Северноморската сурова нафта „брент“ ослабна за 51 цент или 1,2 отсто на 42,63 долари за барел, а цената на американската ВТИ нафта падна за 56 центи или за 1,4 отсто на 40,09 долари за барел.

Цената на нафтата при денешното тргување на светските пазари забележа пад на ниво под 43 долари за барел бидејќи новиот бран од корона вирусот ги подгреа стравувањата дека опоравувањето на побарувачката за гориво би можело да запре.

Сепак цената на ,црното злато“ и понатаму е на пат да забележинеделна добивка поради малата понуда и се поголемиот број сигнали за опоравување на економиите.

Северноморската сурова нафта „брент“ ослабна за 51 цент или 1,2 отсто на 42,63 долари за барел, а цената на американската ВТИ нафта падна за 56 центи или за 1,4 отсто на 40,09 долари за барел.

Двата референтни типа нафта во четвртокот зајакнаа за повеќе од 2 отсто, поттикнати од силните податоци за отворање на работните места во САД во јуни, како и поради падот на залихите на американските залихи на нафта.

Брент со тоа и понатаму е на пат да регистрира раст на неделно ниво од над 5 проценти.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот