Цената на нафтата бележи пад поради раст на американските залихи

Нафта / Фото: Архива на Слободен печат

Американскиот институт за нафта „АПИ“ извести дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела се зголемиле за 7,5 милиони барели, што пак е спротивно од очекуваното дека ќе опаднат за 2,1 милион барели.

Цената на нафтата повторно тргна во надолен тренд бидејќи податоците на американската нафтена индустрија укажуваат на голем раст на залихите во САД, повеќе од очекуваното, а брзиот раст на бројот на заболени лица се заканува за понатамошно намалување на потрошувачката на гориво.

Северноморската нафта „Брент“ забележа пад од 60 центи или 1,4 отсто на 43,72 долари за барел.

Американската „ВТИ“ поевтини за 70 центи или 1,7 проценти и се продава по цена од 41,22 долари за барел, пренесува „Ројтерс“.

Американскиот институт за нафта „АПИ“ извести дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела се зголемиле за 7,5 милиони барели, што пак е спротивно од очекуваното дека ќе опаднат за 2,1 милион барели.

Управата за енергетски информации денеска треба да ги објави официјалните податоци за залихите на „црно злато“ во земјата.

Дополнителни притисок врз цената на нафтата вршат и затегнатите односи на САД и Кина откако неочекувани и без образложение американската администрација побара од Кина да го затвори конзулатот во Хјустон, што Пекинг го осуди најостро и се закани со одмазда.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот