Цената на „црното злато“ порасна на едномесечен максимум
Британската банка „Barkliz“ ја подигна прогнозата за движењето на цената на нафтата со прогноза дека ќе забележи раст од 5 – 6 долари за барел годинава, а за следната година предвидува раст од 16 долари.
Цената на нафтата денеска забележа скок за повеќе од три отсто на едномесечен максимум, по сигналите за пораст на побарувачката во Кина, каде рафинериите ја интензивираа преработката, завршувајќи ја неделата со оптимистички вести за понудата.
Северноморската нафта од типот „brent“ порасна за 1,21 отсто и денеска се тргуваше по цена од 32,34 долари за барел.
Цената на оваа нафта вчера порасна за речиси седум проценти, па се очекува на неделно ниво да забележи раст од 3 отсто.
Американската лесна нафта „WTI“ ја зголеми цената за 92 центи или 3,3 отсто и сега изнесува 28,48 долари за барел,
„WTI“ во четвртокот регистрираше скок од девет проценти и е на пат да го заокружи тринеделниот раст со добивка од 15 проценти.
Британската банка „Barkliz“ ја подигна прогнозата за движењето на цената на нафтата со прогноза дека ќе забележи раст од 5 – 6 долари за барел годинава, а за следната година предвидува раст од 16 долари.
Меѓународната агенција за енергетика „IEA“ соопшти дека очекува светските залихи на сурова нафта да опаѓаат за околу 5,5 милиони барели дневно во втората половина од оваа година.
Што се однесува до понудата, Организацијата на земји извознички на нафта и нејзините сојузници „OPEC+“ веќе договорија намалување на производството за рекордни 10 милиони барели дневно, пред Саудиска Арабија да најави дополнително намалување во јуни, ветувајќи дека ќе ја намали испораката за речиси 5 милиони барели дневно.
Сауди Арамко, најголемиот светски извозник на нафта, ги намали планираните количини за јунска испорака на најмалку 3 клиенти од Азија за дури 30 проценти, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на изјава на извор запознат со случувањата.