Цената на „Брент“ го достигна нивото од почетокот на март

Министрите на земјите членки на ОПЕК + на онлајн состанок што се одржа на 6. јуни се договорија да продолжат по најниско ниво на производство на нафта уште еден месец, односно, до крајот на јули.

Пораснаа фјучерсите за северноморската нафта од типот „Брент“ за испорака во август на лондонската берза за 1,7 отсто.

Со денешниот пораст цената на северноморската нафта достигна до 43,02 голари за барел, а последен пат по оваа цена се продаваше на 6. март годинава.

Суровата нафта од типот „WTI“ се тргуваше по цена од 40,22 долари за барел, што пак е за 1,7 отсто повеќе во однос на претходното затворање на берзата.

Министрите на земјите членки на ОПЕК + на онлајн состанок што се одржа на 6. јуни се договорија да продолжат по најниско ниво на производство на нафта уште еден месец, односно, до крајот на јули.

Наспроти невидените ограничувања, Русија и Саудиска Арабија инсистирали сите земји членки на овој сојуз во потполност да го почитуваат договорот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот