Цената на бензините од полноќ се намалува

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара, а на дизелот и екстра лесното за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 62 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 64 денари, дизелот ќе се продава по 54,50 денари, додека литар Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 43,50 денари.

За 1,495 денари поевтинува и мазутот и еден килограм ќе се продава за 28,8 денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 6,30 отсто, кај дизелот намалувањето е во просек за околу 3,24 отсто, кај екстра лесното масло има намалување во просек за околу 3,55 отсто мазутот е намален во просек за околу 4,23 отсто. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот во изминатиов седумдневен период е намален за два отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот