Цената на акциите на азиските берзи на највисоко ниво последниве пет месеци

– Постојаните лоши вести за бројот на заразени од ковид – 19 во САД инвеститорите ги занемаруваат во очекување на скоро откривање и брз развој на вакцина.

На азиските берзи денеска цените на акциите достигнаа најголема разлика во последните пет месеци бидејќи инвеститорите очекуваат дека бизнис резултатите на американските компании, чие објавување почнува оваа недела, ќе ги надминат очекувањата.

„MSCI“ индексот на азиските берзи без јапонскиот околу 7 часот утрово бележеше позитива од 0,15 отсто.

Паралелно, јапонскиот „Nikkei“ порасна за 1,7 отсто, јужнокорејскиот „Kospi„ 1,2, а во значителен плис се и кинеските берзи од околу еден процент.

– Постојаните лоши вести за бројот на заразени од ковид – 19 во САД инвеститорите ги занемаруваат во очекување на скоро откривање и брз развој на вакцина, но и поради политиката која е потпора за вложување во имот и во американската бизнис економија. „ЈP Morgan, Citigrup I Wells Fargo“ во вторник ќе известат за својата заработка во второто тримесечје, а се очекува заработката да биде подобфра од очекуваното, истакнува Реј Атрил, стратек во инвестициското друштво „NAB“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот