„Цена на демократија“: Финансирањето на партиите останува проблем во Албанија, смета комесарот за избори Целибаши

Фото: youtube/printscreen

Државниот комесар за избори на Албанија, Илирјан Целибаши, на денешната конференција на тема „Цената на демократијата” што се одржа во Тирана, истакна дека и натаму останува проблем „финансирањето на партиите од светот на криминалот или нелегалните бизниси”.

Тој нагласи „ако политичките партии бидат транспарентни и дејствуваат легално, земјата ќе има општествен напредок“.

– Многу значаен е односот на парите и политиката во изборите. Природно се поставува прашањето зошто е толку важен тој однос. Затоа што постои голема загриженост кај граѓаните. Вклучувањето на сите фактори е одлучувачко во пристапувањето кон овој проблем, какво е финансирањето, како одат парите кај политичарите, како влијаат врз нив, стандардот на демократијата и развојот на земјата, рече тој.

Целибаши оцени дека доколку има легитимитет и одговорност, владата ќе биде поодговорна, а општеството ќе има поголем општествен напредок.

– Треба да се следи купувањето и продажбата на гласови, финансирање од надворешни сили, кои ја загрозуваат и националната безбедност. Финансирањето на партиите е предвидено со посебен член во Уставот. Донациите од бизнисот може да доведат до злоупотреба во политичките финансии, смета Целибаши.

Тој посочи дека финансиските извори на партиите јавно се објавуваат, а измените во изборниот законик имаа за цел да воспостават појасни правила и попрецизни процедури.

На конференцијата која се одржува на неполни три месеци пред парламентарните избори (25 април), амерканската амбасадорка Јури Ким порача дека треба да бидат фер и транспарентни, политичките партии да не ставаат криминалци и корумпирани лица на кандидатските листи, а од граѓаните побара да не го продаваат својот глас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот