Владата ПОТВРДИ за финансирање на антивакцерското здружение

Здравствените установи ќе имаат свои претставници на дискусијата на која ќе бидат презентирани научни и медицински факти за употребата и ефектите на вакцините, ќе аргументираат од стручен аспект и ќе објаснуваат со цел да се надминат дилемите кои постојат кај некои граѓани во врска со вакцинацијата.

Имено, за да се организира конференцијата, Владата на Република Северна Македонија обезбеди финансиска поддршка на Здружението на граѓани за заштита на човекови права „ОД НАС ЗА НАС“ Скопје во износ од 30.000 денари, со единствена цел да се овозможи платформа за јавна дискусија и јавна презентација на факти за вакцинацијата и за потребата од заштита на здравјето на граѓаните.

Во текот на месец јуни се одржа состанок меѓу група родители кои не сакаа нивните деца да ја примат вакцината за заштита од вирусите на морбили, рубеола и паротит или МРП вакцина и Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

На состанокот присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерката за правда Рената Дескоска и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Владата тогаш се заложи дека во претстојниот период треба да се спроведе јавна презентација на факти и медицински анализи пред сите засегнати страни, но пред сé пред родителите со цел темелно и точно да бидат информирани за МРП вакцината.

Одлуката Владата да прогласи епидемија на ситни сипаници на територијата на целата земја и да се спроведе вонредна вакцинација е донесена врз снова на научни факти и мислења на експерти, според кои во услови на намален колективен имунитет и пораст на бројот на заболени, единствен начин да се сузбие епидемијата е да се спроведе вакцинација во и надвор од здравствените установи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот