„Целта ми е да убијам муслимани“: Уапсено момче во Германија заради закани за напад

Фото: Илустрација/EPA

Во Германија е уапсено момче од 21 година заради закана дека ќе изврши напад на муслиманите, соопштено е од обвинителството на земјата. Постојат сомнежи дека момчето од Хилдесхајм во петокот на интернет ја објавил својата намера да изврши напад со повеќе жртви, се наведува во соопштението на обвинителството.

Момчето е уапсено во сабота, а во неговиот стан е пронајдено оружје со кое најверојатно планирал да го изврши нападот, како и фајлови на компјутер со радикални десничарски содржини. Името на осомничениот не е објавено. Судијата денеска наредил момчето да остане во притвор заради сомневање дека нарушил мир со закани за злосторство, како и заради финансирање на тероризам, за што е обвинет бидејќи поседувал оружје.

Досегашната истрага упатува на заклучокот дека обвинетиот долго планирал како ќе го изведе нападот кој ќе го привлекло вниманието на светската јавност. Момчето на интернет го спомнал човекот кој минатата година во Нов Зеланд изврши напад на две џамии и притоа уби 51 лице и рекол дека има намера да направи нешто слично.

Тој рекол дека неговата цел е да „убие муслимани“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот