Целосно затворен за сообраќај булеварот „Крсте Мисирков” кон Бит пазар

Делницата во правец кон Бит пазар, од крстосницата со бул.„Гоце Делчев” до клучка Детелинка од утре (22 август) од 8:30 часот до задутре (23 август) до 8:30 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај поради асфалтирање на бул.„Крсте Мисирков”.

Автобуските линии што сообраќаат на овој потег ќе бидат пренасочени кон Скопски саем и клучка Континентал и назад кон клучка Детелинка, соопшти ЈСП Скопје.

Линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев” со бул. „Крсте Мисирков”, наместо да свртат лево, ќе продолжат право кон Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал” ќе продолжуваат по своите редовни траси.

Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев” со бул. „Крсте Мисирков”, наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право кон клучка Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски” и од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи на овој потег, а се очекува за многу краток период, со нанесување на завршниот слој на асфалтот, да биде комплетирана реконструкцијата на булеварот во двете насоки.

Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350  метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата во Скопје.

Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков” со бул. „Гоце Делчев”, ќе вртат десно кон Скопски саем, па кон клучка Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски”, а од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков” со бул. „Гоце Делчев”, ќе вртат десно кон Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал” ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси, информираат од ЈСП Скопје.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот