Целосно укинување на граничните контроли во Шенген зонјата бара Меркел

Германската канцеларка вели дека доколку здравствената ситуација би дозволила тоа би било добро да се случи на 15 јуни.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сака од 15 јуни да биде укината вонредната гранична контрола воведена во Шенген зоната поради коронавирусот.

– Ако состојбата на заразата го дозволи тоа, сакам да повторам дека од 15 јуни граничните контроли во Шенген зоната можат целосно да бидат укинати, рече Меркел во Бундестагот.

Претходно денеска Европската комисија донесе препорака според која потребно е постепено и координирано укинување на ограничувањата за патување меѓу земјите членки или внатрешните региони кои имаат слична епидемиолошка ситуација со што би се спасило што е можно повеќе од овогодишната туристичка сезона.

Комисијата сепак ги повика земјите на координиран пристап во намалување на ограничувањата за патување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот